Систем за рано откривање и надзор над заразните заболувања со посебен осврт на рано откривање на епидемии

Во Република Северна Македонија, заразните заболувања подлежат на задолжително пријавување, согласно законската регулатива (Закон за заштита на населението од заразни болести - Сл. Весник бр.66 од 01.10.2004 година), како и подзаконските акти поврзани со оваа проблематика и Програмата за превентивна здравствена заштита на Република Северна Македонија.

Една од мерките за успешно и навремено сузбивање на заразните болести е задолжителното пријавување и информирање за појава на заразни болести и епидемии.

Со цел за изнаоѓање на подобри решенија и дополнување на постоечкиот систем, како и негова апроксимација кон потребите на законодавството на ЕУ и Меѓународниот здравствен правилник,  Министерството за здравство го прифати и одобри проектот на СЗО: ”Систем за рано известување и надзор над заразните заболувања” - EWARN (Early warning and response system for communicable diseases), со чија примена ќе се спроведува надзор над заразните болести и ќе се даде можност за рано откривање и брз одговор на епидемии на заразни болести.

АЛЕРТ(EWARN) е систем на надзор над заразните заболувања врз основа на клиничката слика, со можност за брзо тревожење, а главна цел му е откривање на епидемии.

  • Во системот за синдромско пријавување на заразни заболувања се вклучени здравствените установи од примарната здравствена заштита на територијата на целата република;
  • Надзорот над пријавувањето, ќе го спроведува ИЈЗ и ЗЗЗ ,а како и државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ);
  • Прибирањето, обработката и изготвувањето на потребните извештаи, со помош на софтвер ќе го вршат Заводите за здравствена заштита, нивните подрачни единици и Институтот за јавно здравје.
  • Повратна информација за актуелните состојби ќе се доставува од централно, преку регионално до ниво на секоја здравствена установа - ПЗЗ.

 

ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ

Со цел побрзо и полесно откривање на епидемии избрана е следната методологија:

    • Ограничен број на состојби/сомненија кои треба да се пријавуваат (8);
    • Едноставна клиничка дефиниција на случај, базирана на симптоми;
    • Неделно известување на регионално и централно ниво;
    • Брза анализа на податоците;
    • Добивање на потребните информации за преземање акција;
    • Навремена и функционална повратна информација.
 
     
   
 

Цел на системот е:

  • да даде веродостојна или што пореална слика на моменталната состојба со заразните болести во период од 7 дена, за да  може правовремено да се преземат потребните мерки и активности.
  • се остварува навремено откривање на групите на случаи (cluster) од заразни болести.
  • се олеснува следењето и анализата на трендот во временски период.

 

Со АЛЕРТ-от се врши надзор над одредени групи болести:

  • болести со сезонско појавување,
  • болести значајни поради високиот морбидитет или
  • болести значајни поради тешката клиничка слика и прогноза.

Со АЛЕРТ-от предвидената редовна повратна информација, несомнено е нешто што треба да даде позитивни ефекти.

КЛИНИЧКИ ДЕФИНИЦИИ НА СОСТОЈБИ КОИ СЕ
ПРИЈАВУВААТ СО АЛЕРТ СИСТЕМОТ

АЛЕРТ системот е заснован на клиничкиот наод, односно присуство на одредени симптоми и знаци.
Со цел унифицирање на начинот на пријавување за сите учесници во системот,  воведена е дефиниција на случај.

1. Сомнение  на инфекција на горните респираторни патишта
2. Сомнение  на инфекција на долните респираторни патишта
3. Сомнение  на исипни трески, без варичела
4. Сомнение  на менингоенцефалитис
5. Акутна водена дијареа
6. Акутна крвава дијареа
7. Сомнение  на акутни инфективни жолтици
8. Сомнение  на акутни хеморагични трески

 
     
   
     
   
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
   
 
Дома | Вовед | Упатства | Софтвер | Пријавување | Извештаи

© EWARN 2008